Писмо до Роберт Крили

/, Блесок бр. 42/Писмо до Роберт Крили

Писмо до Роберт Крили

Писмо до Роберт Крили

Слушнав системот се затвора. Добро е
да се читаат, стар пријателе, твоите зборови за
тоа што е пријател, доколку го имаш. Деновиве
често мислам на Зукофски
едноставно го фрла зборот
„објективист“ и тоа функционира
добро како и секој назив. Деновиве
сме на само неколку збора
од смртта и мислам
конечно научив да слушам (твоите
љубовни песни сега се чинат мудри
откако годините ми ја смирија главата) додека ти
ја претвораш болката во неприбирање чувства. Често
мислев на твојот чист хумор додека
татко ми умираше од рак. Го прашав за болката
а тој ми откачи стих: „чувствувам како голема
каллива краба да ми го јаде ’рбетот“.

Од Лисја: Нови и избрани песни 1970-2001.

2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|