Пепелашка во хромиран ковчег

/, Блесок бр. 97/Пепелашка во хромиран ковчег

Пепелашка во хромиран ковчег

Feedback
Нежно кршење на брчките околу усните
Бикини за бебе, блуз за капка роса
Сите најдобри песни зборуваат за копнеж и стакло и брзи автомобили и други кршливи нешта
Во излогот на евтини слатки
Бучава, шаренило, будење
Ескимо сретнува Албино
Меланхолија

Кога сум нервозен купувам работи
кои не ми се потребни
а сè што сакам се
секогаш отворени зелени светла
на семафорот
ти си се напила на игранка
и си завршила пред матичар
но ајде да зборуваме за работите
кои ме тераат да ги затворам очите
и да бидам сосем сам
оние кои
барем еднаш се разбудиле
знаат дека кожните панталони
и
како црв крвената кошула
значат бегство
рацете се горе и држат знаме од станиол
грчевито како последен поздрав
од Титаник
погледни ме мене
кутар скротител на досадата
чии очи мижуркаат
од премногу филмови и видео-спотови
израснав
но не станав циник
самоубиството ги презира студените луѓе
топлиот дожд скриен на образите
пред
уморната толпа
покажи љубов за мене
и ќе биде в ред
ќе биде доволно

АвторЗвонко Карановиќ
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|