Па, што, ако невешто живеам

/, Блесок бр. 89/Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам

Па, што, ако невешто живеам
Најлесно е себеси да се нацртам
Затворски денови
Врколак на прозорецот
Придавките на црната кралица
Доаѓа кога било
Коприви

Најлесно е себеси да се нацртам
на пат, секако на пат
како точка, згуснат круг
Ни дожд, ни сонце, ни воздух
Сè полно тука е празно
одблесок
од куќите на грбот
Но немаш душа да смириш со збор
со удар по вратата
Од куќата веднаш излетуваат сите,
останува око тркалезно, страшно,
осветлено
Најлесно е ова да се нацрта
Насмевката што ни треба
Светлечкото тркало, молитвен млин
сомленото да го меле и меле
до бело зажарување
и јасно е
утре ќе можеш да ме сакаш
денеска не

АвторСоња Манојловиќ
2018-08-21T17:20:50+00:00 мај 9th, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 89|