Патот кон тебе

/, Блесок бр. 75/Патот кон тебе

Патот кон тебе

Како снег
За невозможните лица
Платно
Сараево
Лимб
Патот кон тебе
Лузна

Околу нозете ти летаат птици и ти ги броиш
за вечност, а јас не знам дали си горе
или доле и ме викаш ли, заведуваш пак
со градникот од бодликава жица.
Нема сомнеж, без што било свето во близина
твојот ôд е совршен зашто никаде не доаѓаш.

Моите сништа се нов вид кугла на загатки,
во нив се ројат урнати денови,
црни песови, свеќници и псалми.
Без престан повторувам:
„Второто име ми е Лимб,
второто име ми е Лимб…“

околу главата ти летаат зборови, песни
и јас ги читам со едноличен тон,
со превез врз очите од бодликава жица:
„Виолетовата е ѓаволска боја
и Бог е олово и мед,
а јас твоја луда имењачка.
Остануваш мојот ранлив џез.
На другата страна на невремето“.

АвторИван Херцег
2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|