Патот кон тебе

/, Блесок бр. 75/Патот кон тебе

Патот кон тебе

Како снег
За невозможните лица
Платно
Сараево
Лимб
Патот кон тебе
Лузна

Се правиш дека знаеш дека еден е
најголемиот и најосамениот број
и секогаш заустуваш: „Ти си еден од…“,
а јас те прекинувам со еден
прст врз усните.

Се правам дека знам дека „Магнолија“
засекогаш се врти во едно невидливо кино
и дека нашата подготвеност за лудило,
поради притисокот во сончевиот сплет,
нервозата во малите прсти на рацете,
оние непотребните, моите и твоите,
е поголема од отсечените јазици на љубовниците
на замачканото платно на привидот
чии краеви ги влечат Бог и ѓаволот.

Се правиме дека знаеме што е живот.
Ако го допреме, може да биде
завеса, ѕид, надгробна плоча.
Кога само го набљудуваме,

тогаш е човечко лице, кожа,
крвава и расиплива.
Кога ќе ни здодее, еден на друг
си ги одгризуваме прстите и си играме сенки.

Се правиме дека знаеме што е платно.

Се правиме дека е едно,
се правиме дека сме едно.

АвторИван Херцег
2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|