Секој ден одново посакувам да те запознам,
да зборуваме за вселената и сите чудни оддалечености,
за секое можно и невозможно небо,
сите можни и невозможни љубови.
Знам, ќе речеш дека глумам Бог, дека предизвикувам,
дека животот не е време и дека светот не е ова,
дека дождот не може да ги промени морето и земјата,
но може да го растопи крстот и лицето.
Секој ден одново посакувам да те заборавам,
да молчам за тоа како сум залутал, како не ме гледаш,
за себичноста и своите други димензии,
сите можни капки и невозможни лица.