Папараци

Папараци

Папараци
Судски процес против неверата. Среќен почеток!
Фигурки
Бела глетка

Кога ќе заврши ова „babie leto” надвор
што ми се провира и под панталоните?
Кога ќе почне часот по метереолошка хигиена
што толку долго го очекувам?
Сè уште сум под есенски туш
стручниот профил што ми го разводнува,
што ме тера на неодлучност, на пасивност,
при изборот на книжевен ментор,
на тутор шта препорачува домашна лектира,
на надзорник со zorný uhol,
на ревизор со изострена диоптрија,
стилските чекори што ги контролира,
што ги проверува,
што докрајчува,
што (при)врзува,
што става во калап.

Ќе го разбијам ли менталниот оклоп?

Ќе ги скршам ли решетките во зоолошката градина?

Кога ке стигне зимата, ќе ѝ се поклонам на колена,
па ќе ѝ се насмевнам в очи, затоа што доцни
како домородски саат на село…

Ставен сум под истрага, под увид,
на словачките писатели, на незапознатите,
на сокриените,
на неотскриените,
на неоткриените дотогаш,
тука на црниот под,
белите места што ги пополнуваат
како ѕидна смеса за плитки дупки,
за мали отвори,
за штури празнини,
за бегство на другата страна –
за оттаде-другаде да ѕиркаат
или потајум во мене
како папараци

2018-08-21T17:21:33+00:00 март 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 41|