Од светлината

/, Блесок бр. 47/Од светлината

Од светлината

Ги оставаш зборовите
Светла нежност
Сон ми го замрсил јавето
Се затрчав
Сонувам исчезнувам
Зборот ни е заслужена судба
Чинови и магии
Запомни

Запомни
не смееш да видиш пеперутка
инаку волшебството ќе се прекине
и од пепелта вртлог од ветер сè ќе однесе
запомни
ти си пеперутка
ти си голема шарена пеперутка
го носиш целото небо во своите крила
ти си голема моќна пеперутка
голема си толку многу
што се наоѓаш во се
Ти невидливо леташ
зашто ти си во духот на ветерот
ти си пеперутка
запомни ти не смееш
да се видиш себеси
ти си пеперутка
што никогаш нема да се види себеси
во друга пеперутка

АвторЕлизабета Дракуловска
2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|