Зборот ни е заслужена судба
Убава судбина
Судбина на немоќта
Зборот не се шепоти
Ниту се извикува
Единствен круг што го собира е
Срцето
Со Исус на крстот зборот гореше
А огнот го собираме во срца и денес
За да нè изгори и нас
Со зборот се топиме во Вечноста
А без зборот умираме во Ништото