Од светлината

/, Блесок бр. 47/Од светлината

Од светлината

Ги оставаш зборовите
Светла нежност
Сон ми го замрсил јавето
Се затрчав
Сонувам исчезнувам
Зборот ни е заслужена судба
Чинови и магии
Запомни

Сонувам исчезнувам
Ме снемува
од мене само некоја чудна
тиха радост
останува да се бранува.
Сонот се престорува
во слезово утро
замислени прозрачни коњчиња
како од светкави пајажинки
или од здив на бел облак
измислени
само заради тоа нежно утро.
Нема да исчезнам
за да може да постои чисто
како детски поглед.
Се будам во солза како колевка
како никогаш порано да не сум
постоела

АвторЕлизабета Дракуловска
2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|