од „Преместен камен“

/, Блесок бр. 54/од „Преместен камен“

од „Преместен камен“

Сенките нè одминуваат
Кога некој заминува сè што е создадено се враќа
Летање
Многу нешта се случија
Стрелки од часовникот
Враќање
Нечиј глас

Ја отворам плашливо вратата
со зраците да исцртам граница
врз килимот.
Ми доаѓа глас да пуштам,
но ехото на ненаместената соба
е побрзо.
Не е моја потта врз кваката
и лишаите на мојот врат
не припаѓаат на овој свет.
Се остварив во неколку
премачкани сеќавања,
мојата душа е утробен палимпсест
на далечна мајка.
Оттука премислата на враќањето
и тивкото крцкање на ментешињата.

Со чекор би го проширил просторот
да ги зачестам зрнцата прав
и влакната што се струполуваат
долу, од светлината
секогаш бели.

2018-08-21T17:21:17+00:00 јуни 19th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 54|