од „Избрани песни (1980-2000)“

/, Блесок бр. 24/од „Избрани песни (1980-2000)“

од „Избрани песни (1980-2000)“

Спокојот на пепелта
Пеперуга на одразот
Негатив на времето
Катафалка
Платно
Лисабон
Мизантроп
Студио
Голвеј

Го мирисавме чадот во меаните, зјапавме
Во огништата, небаре сè трае
И ништо не подлегнало на мена. Зборовите
Неизречени, потиснати, оставени кај дините,

На плажите. Можеби, ми велиш,
Има патувања на кои човек би пошол сам, кога
Би живеел без време и без повтеж. Но кај
И да ме водел патот, бродовите пристигаа, а јас

Го барав твојот лик во секој пристан.
Хоризонтите се сал перспектива, секогаш
Во различно светло. Гласот ти е сув, ми велиш.
Дојди ваму и усните доближи ги до чаша или стих.

АвторХанс ван де Ваарсенбург
2018-08-21T17:21:52+00:00 јануари 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 24|