ја средуваме куќата на дрвото
и ти случајно ја наоѓаш
мојата неодамна загубена храброст
„стави ја во кутијата со сешто“
ти одговарам на прашалниот поглед:
„ти сеедно ме чуваш од светот“
сами сме во куќата на дрвото,
сами како еден топол зрак.
Светот е совршено далеку од нас.