од „Господин Денес“

/, Блесок бр. 51/од „Господин Денес“

од „Господин Денес“

Пустинска
Доволно криење
Евангелие по Плотин
Компаративна
Кантата според Плотин
На себе преземена скромност
Манифест на љубовта
Нема тишина
Бакнежот на Плотин
Гавран
Орлите на Хелдерлин
Пламенот на духот
Оганвода
Космополитска ода
Наутичка
Радиска
Птица
Весел тепих
Новинарска конференција
Сенка
Понеделничка увертира
Преводот на славниот преведувач
Господин Денес, лекар од Осетија
И последната
Детски коцки
Сласна белина на пченката

Превод од словенечки: Лидија Димковска

Човекот тргнува в пустина. А далеку
не стига. Но, и самото тоа
што му успеало да побегне од градот
кон инстант супите меѓу влажните дрвја
наросени со магдoнос во прав,
зборува многу за животот и смртта.
Семирот е еден. И пред раѓањето е така и по смртта.
Како да го сфати тоа умот во смислата на водопадот
што паѓа и паѓајќи
ја сфаќа смислата на водопадот што паѓа?
Мудриот Кинез Пеперутката Ѕу се чешка по плетенката.
Мислам дека мудроста, пред да почне планетарно да дејствува,
чека прво мудрецот да умре.
Отсекогаш ме интересирало како доаѓале
до храна и живеалиште тие мудреци.
А сепак знам
(што значи со една голтка
до крај да се испие
надворешниот и внатрешниот семир).

2018-08-21T17:21:21+00:00 ноември 27th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 51|