Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


Зора – горчлива бобинка
сонце – горчлива бобинка
се скрши огледалото
меѓу мене и него

Го барам автопатот
ете за да избегам
ама насекаде траги
од неговите зборови
ме одалечуваат

Боровино сети се
боровино заборави
како се губам себеси
го погазувам своето каење

Ехо во папагласки бои
ме мами и ме мами
додека не ме заведе
за да ме исмејува

Ехото нема одговор
одговара на секого
зора –горчлива бобинка
сонце – горчлива бобинка

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|