Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


Зошто сè уште ги слушаме
одговорите на маргаритките,
на ветрот, на сонцето
а што ли стана со малите ѕвингалки

Зад затвореното чело
Кадешто можеби гранката сè уште се ниша
Од удавената пролет
Зад мојот убиен збор
Зад нашиот поделен дом
Зад срцето заклучено против себеси
Зад бодликавата жица, логорите, местата
Зад тишиниата кадешто туѓите јазици бијат како звона на погреб
Зад нашата распарчена земја-

чека зелената богомолка во ливадата
и зашеметени сè уште слушаме
една мала сина маргаритка од Намакваленд
одговора на нешто, верува во нешто, знае нешто.

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|