Одбрани песни

/, Блесок бр. 118/Одбрани песни

Одбрани песни

Детето што смртно го застрелаа војниците кај Нјанга
Те повторувам
Бегство
Маргаритки во Намакваленд (1963)
Трудна жена
Јас сум со оние
Зрнце песок
Зора – горчлива бобинка
Ме измами
ПСТ ТИШИНА, ЦРНОМУРЕСТИОТ ЧОВЕК


На Симона

На зелената патека
Далеку од хоризонтот
Околу земјата округла,
Чекори бавно стар човек кој
Носи полна месечина во косата
Славеј во срцето
скинат јасмин за дупчето од копчето
свиткана кичма од годините натежнати

Што прави тој, мамо?

Ги повикува штурците
Ја повикува црната
тишина што пее
како сипките, мило мое
и ѕвезди што треперат
како некои бумбарчиња
околу својата тенка, далечна орбита.

Како се вика тој, мамо?

Тој се вика Пст
Тој се вика Сон
Господин Заборав
од Земјата на Сништата
тој се вика, мило мое
пст тишина, црномурестиот човек

Мамо…

Пст тишина, црномурестиот човек

АвторИнгрид Јонкер
ПреводЗоран Радически
2019-01-15T10:39:16+00:00 март 27th, 2018|Categories: Поезија, Блесок бр. 118|