Ова е таа, твојата

/, Блесок бр. 45/Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата
Сфаќаш
Да се родуваш
Страв од шеќер (сестина за Ангела)
Ќе се среќаваме
Булка крај шините

La niña del bello rostro / sigue cogiendo aceituna,
con el brazo gris del viento / ceñido por la cintura.
Девојката со убаво лице / продолжува да бере маслинки,
со сивата рака на ветрот / стегната околу половината.
–Федерико Гарсија Лорка, “Arbolè, Arbolè”

Студената рака на ветрот ме прегрнува и денес,
дури стојам на урнатава железничка станица.

Попусто сум тука – нема да те видам, ниту ти мене –
но место да си играм петка-глава со кованица

или да берам маслинки како секој ден што правам,
решив да те чекам ко клише, ко булка крај шините,

во смешниов црвен фустан. Нешто, ете, не ми дава
да се откажам од вербата дека, и покрај годините

што минаа оттогаш, ќе се вратиш по мене. Сама,
ми студи. Секој септември таа верба се засилува:

можеби овојпат на мојот роденден ќе се сетиш,
може одненадеж од жедна надеж ќе те создадам.

Еден ден, верувам, ветров на мене ќе се смилува:
ќе замине. Ќе дојдеш денес-утре, како што ми вети.

АвторМагдалена Хорват
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|