Ова е таа, твојата

/, Блесок бр. 45/Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата

Ова е таа, твојата
Сфаќаш
Да се родуваш
Страв од шеќер (сестина за Ангела)
Ќе се среќаваме
Булка крај шините

Понекогаш си предолг текст.
А јас твојот суров уредник.
Но знаеш да бидеш и печат

врз мојата кожа лист. Ист можеш
да бидеш ко сите, па неналик
на никој друг. Некогаш ме вртиш

во круг, оти сум нова и мирисам
на пластика. Некогаш сум балонот
на твојата мастика, ме дуваш дури

да пукнам од мака! Сепак сакам,
знаеш колку сакам да бдеам крај
тебе..? Макар била твоето ќебе

или будилникот што го навиваш
да ти ѕвони во седум, и така редум
би сакала преку цела ноќ и цел ден

да те гледам, секој твој потег
да го следам, макар ти била
и четкичка или паста за заби,

или обична пена, брич и афтершејв,
или мекото палто и огромниот шал
(макар била и конец од него мал!)

или автобусот по кој не трчаш,
но секогаш го фаќаш. Сакам
да сум со тебе, ако ме с…

АвторМагдалена Хорват
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|