Нуркање на здив

/, Блесок бр. 71-73/Нуркање на здив

Нуркање на здив

Бојата на бурата, занесот на косата
Разгледување на островот
Нуркање на здив
Драмски кулминации во петок после риба во службената кантина
Пената на денот
Кошарка
Speedy
Слика

од „Нуркање на здив / Ronjenje na dah / Breath-hold diving“
превод од хрватски: Игор Исаковски

морис со спреј сликаше пирамиди:
ја соблече маицата, стави маска и
со бојата му писна на назабениот картон:
наоколу се собираше џган и скандираше.
после дојдоа голтачи на оган, барабанџии и немирни девојчиња,
во предвечерието, кога се спушти бура од другата страна на заливот,
и кога чадорите за сонце полетаа в небо
заедно со бетонските држачи и гостите на терасата:

ивес и дабо седеа наспроти,
како и минатата вечер:
после тања се премести зашто не можеше да ја заузди косата.
така ја заеба мојата, која дрско влетуваше во устата,
во пивската пена, која го пресекуваше погледот кон ретките,
треперливи шетачки на корзото

морис и понатаму со спреј сликаше пирамиди,
ветерот ја разнесуваше разнобојната магличка во лицата на набљудувачите
од присилно всидрениот брод,
еден гостин на терасата отспротива нарача
ожујско и четири апаурини
една светилка ненадејно се угасна.
тања рече: тоа бев јас;
успевам секој пат кога навистина ќе посакам.

2001-08-12

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|