Несоница

Несоница

Несоница
Разговор
На едно дрво
Чудесно е што се будиме заедно…
Приспивна за мачката
Бензинска пумпа
Рибата
Заливот

Оф, но колку е валкана!
– оваа мала бензинска,
потопена во нафта, маслосана
до вознемирувачка, целосна
црна полупровидност.
Внимавај со тоа чкорче!

Таткото носи извалкан,
нафтосан комбинезон со прерамки
што го сече под рацете,
а неколку брзи и итри
и мрсни синови му помагаат
(ова е семејна бензинска пумпа),
сите мошне темелно валкани.

Живеат ли на бензинската?
Има бетонски трем
зад пумпите, а на него
комплет смачкана и измачкана
со масло плетена покуќнина;
на каучот исплетен од прачки
валкано куче, мошне удобно сместено.

Неколку стрипови ја даваат
единствената нишка боја –
одредена боја. Седат
врз едно големо матно милје
што ја покрива табуретката
(дел од комплетот), покрај
една голема влакнеста бегонија.

Зошто одвишното растение?
Зошто таа табуретка?
Зошто, оф зошто, милјето?
(Извезено со цветен вез
со маргаритки, мислам,
и тешко од сивата плетка.)

Некој го исплел милјето.
Некој го наводнува растението,
или може го подмачкува. Некој
ги реди редовите лименки
за нежно да им велат:
ЕСО-СО-СО-СО
на нервозните автомобили.

Некој нè сака сите.

АвторЕлизабет Бишоп
2018-08-21T17:21:18+00:00 април 14th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 53|