Несоница

Несоница

Несоница
Разговор
На едно дрво
Чудесно е што се будиме заедно…
Приспивна за мачката
Бензинска пумпа
Рибата
Заливот

Мјау, склопи си ги очињата
Ајде спиј и слатко сонувај,
Од Настаните крај постелата
Чуда најпријатни очекувај.

Мила Мјау, не мурти се,
Соработувај, те молам, со мене.
Не ќе биде удавено ни маченце
Во Марксистичкото Уредување.

Ќе стаса Радоста и Љубовта,
Наскоро ќе дојдат среќни дни,
Мјау, немој да си натажена.
Спиј си мирно, сони слатки сни…

АвторЕлизабет Бишоп
2018-08-21T17:21:18+00:00 април 14th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 53|