Непостоечките простори

/, Блесок бр. 50/Непостоечките простори

Непостоечките простори

Бевме бродови, нè изградија, испловивме
Како да исполниш простор загубен, потонат
Постои јазик кој не може да се прикрие: може ли да ја примам
Ветрот ти дува низ косата, столбовите ги кријат годините
Вешта главна сестра, со сензуални коси и гради, гондолата
Преминот е простор со кучиња кои душкаат мермерни
Бојата овде е едвај отстапка. Проѕирната светлина
Непостоечките простори на Арсенале! Стројните столбови

превод: Игор Исаковски
од „Преку полињата“

Бевме бродови, нè изградија, испловивме.
Вино нè влечеше низ столбовите, мирна пловидба, сладок разговор.
Дрво свиено врз коските скаменети. И секогаш прашањето кои
Сме откако сè беше кажано. Ги видов столбовите, собите,
Без средиште, разлипани урнатини. Мајко, некој мора да е прв,
Битка да раскаже, за војна да каже и да залипа врз мермер.

2018-08-21T17:21:23+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|