Небеска река

/, Блесок бр. 22/Небеска река

Небеска река

Небеска река
Ноќ
Оброк
Обнова
Песна за црниот брат
Внатрешен дијалог
Полноќна мисла

Една браздичка од небеската река
тече и низ мојата душа,
нејзината свежест сè уште ја чувствувам,
нејзиниот шум сè послабо се слуша.
Понекогаш дури ми се чини
дека молкнал
и дека полека водичката секнува.
Тогаш, пред крајот,
пред штура суша и пустелија,
ужас ме штрекнува.

АвторБлаже Конески
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 22|