Превод од шведски: Ивица Челиковиќ
Зад нас ’рѓосаното задоволство на есента
И тој стар чун што пропушта вода
И изнурнува од реката од година во година,
Кучешки лаеж низ утрото
– soundcheck пред лов на лосови
таму напред, зад шумата
чека тоа што се вика иднина
на пат си за таму, со две црвени бобинки
во раката, една за тебе самиот
и една за светот
кон власта стоиш вооружен
со светлата упорност на вресот,
знаеш дека тоа не е доволно,
дури ни страната на светот е недоволна
но рацете го опфаќаат сонот
каде што времето не беснее и каде што сите деца
ги знаат сите јазици во светот: секој јазик
ја игра таа слобода што ја нема
тој што не го слуша несфатливото
никогаш нема ништо да разбере
не сме само тоа што сме
– она сме што го гледаме
две црвени бобинки; таму стоиш на прагот на светот,
одиш во воздухот
и ветерот ти дува во косата
… одиш во воздухот
и ветерот дува во твојата коса.
(од „Свет“, песни 1974-200., Книга за сите, 2004)