Насилно прекината песна

/, Блесок бр. 66/Насилно прекината песна

Насилно прекината песна

На градинарот
На кројачките (во погоните и дома)
Every Woman Adores a Fascist (на сонливите домаќинки)
На соседите (моето месо е утринава спуштено знаме)
На загубените половини (насилно прекината песна)
Бог е цицлеста телефонистка која со мазен глас ти кажува дека си барал број кој не се користи
Минестроне
Елвис

Прегрни ме и ќе ти дозволам да ме замислиш гол.
од денеска сум
Џудит Батлер на машката еманципација.
престанав да размислувам зашто тоа никаде не води. од сега гледам
кога е потребно да се гледа.
ако баш би морал сега да мислам, тоа би било за бог.
или, уште еднаш, за празнината. просторот меѓу рацете,
темната материја,
она останатото меѓу зеленчукот, сосем сеедно,
суштината е во ничија земја.
за тоа како е косата убава додека отпаѓа. за последните денови на мај,
просторот кога празнината поцрнува.
кога ќе ме замислиш тоа е, исто така, пополнување на празнината.
во клучната точка
сè се сведува на егзотични честички. минестроне. немаш поим
што е внатре, но сè функционира. финтата е, верувај ми,
во она помеѓу.
добро пополнетата празнина е граница на љубовта.
принципот е пливачка кожинка, замисли ме
пред јас тоа да ти го сторам тебе.
прегрни ме некако, само не со рацете. рацете се рурално оружје.
остави им ги на Хрватите.
извлечи го сиот силикон и од тоа направи куќа. припиј се до ѕидот
како виртуелна сенка, чекор напред,
во волумен на одбрана и времето на безусловна слобода, точка на јасна опасност.
додека го мешаш тоа минестроне биди внимателна.
нека биде што погусто. празнината редуцирај ја на најмала можна мера.
и оние кои сега чучат во тие билки стануваат понекогаш депресивни
од сиот тој простор околу нив.

АвторМарко Погачар
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|