Насилно прекината песна

/, Блесок бр. 66/Насилно прекината песна

Насилно прекината песна

На градинарот
На кројачките (во погоните и дома)
Every Woman Adores a Fascist (на сонливите домаќинки)
На соседите (моето месо е утринава спуштено знаме)
На загубените половини (насилно прекината песна)
Бог е цицлеста телефонистка која со мазен глас ти кажува дека си барал број кој не се користи
Минестроне
Елвис

Кога железните жерави ја фрлија последната нуклеарна електрана врз градот
твоето оригами срце се распрсна како стаклена кугла

која Тед Нугетовото високо Ц го обвива во сјајна празнина. да. така почна:
филм во кој една жена, непристојно привлечна млада жена,

ја наоѓа својата загубена половина, да, така почна.
улица претворена во Финска, хартиената северна флота

го голта асфалтот побргу од пукнатите кои земјата ги праќа
однатре за да го насмее, крвник, отсекува остри реплики

како прсти; воздух толку проѕирен што посакувам да го видам. отсутноста,
темелно обележје на песната, се вовлекува во телата на децата, внимателно

со еден повик повлечени во куќите. мирис на тукушто спуштена вода која,
кокаинизиран liftboy, неуморно заминува горе, се крие, во носниците

основа одвратно либерален синдикат, на крајот мирува, не долго, некаде високо,
и повторно паѓа. отсутноста. триумфален одмор на кој не одиш.

чај: трошките натопени со заби и површината која мирувала се движи,
нашите половини нè пронаоѓаат или остануваат скриени. сè што е вистинито нè надминува.

гласот, твојот сопствен раскажувач, вели дека си потполна
со сигурен тон минува преку сликата, како психоаналитичен Буда, и знае

знае дека никогаш не е сè загубено. реторички отворач кој ти ги пробива очите.
го исцицува мозокот, така завршува. и психоаналитичарите и зомбите и будистите

штом се појават го уништуваат секој обид за крај. единствени полоши се христијаните:
дури и после апокалипсата нешто се случува.

АвторМарко Погачар
2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|