Надживување

/, Блесок бр. 82/Надживување

Надживување

To Be or Not To Be
Волкот на врата
Сказна за Змејот и Ќелешот
Второ пришествие?
Ѓаволот ни ора ни копа
Човек во себе згрчен Homo in se curvatus
Утија
Зимска сказна
Петлите што рано пеат – ги колат

но можеби сепак треба да се впрегне
во ѕевгарот невидлив со кој нè води

откога од Лучоносец станал Никој – небаре
сам со копитото си згазнал на опашката –

за да удриме заедно со ралникот во закопаното азно
со кое секојдневно нè мамат и вабат

па меѓу парампарчињата древни дребулии
да блесне пак зракот-знак на крстот наш

или тоа е искрата од случајно удрениот камен
што сепак треба да се ископа заеднички

и цел да се вглави како аголник
од здание или макар како потпора

и пречка за сопнување, сепнување и освестување –
дур скраја ни се плази Безимениот со сопствениот јазик

кој штотуку ни продал и грст помалку од измереното
на кантарот што лажно мери со нулата измамничка

за да нè ограби од нашето подобро добро
од Природата што божем ни ја оправиле.

Секој од нас ти го свртел грбот, Боже
криејќи ти се во Ликот од Легијата безимени

или внатре во празната сенка, во мршата место душа
под парталите од страшилото со позајмено руво

од Другиот што нè демне однадвор
или од Близнакот зариен подлабоко внатре

ако излезе вон – слободата да е
камбанен ѕвон, гибел и погубување…

Дали крајот е цел
или целта е крај?

Неоткриената Новаја Землја под вечен мраз
– о колку ли уште дна под нас!

Штом зарот бил фрлен – случајно зарем? –
се родивме двајцата ко ѕевгар во јарем.

2018-08-21T17:20:56+00:00 март 5th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 82|