Мртвиот поет и младата дама

/, Блесок бр. 23/Мртвиот поет и младата дама

Мртвиот поет и младата дама

Полноќ
Нарцис
Собата
Пријателу мој
Мртвиот поет и младата дама
Безверно сам

Ненадеен звук
Од свиралки те подзема
Подземно соединение
Глас што те впива
И завива во тебе
Очаен молк

Кој удира по Брегот
Кој од него се брани
Има ли форма Тоа
Што во Брегот
Се храни до истоштение

И каде детето да појде
Мажот во кое невиделие да бие
Ил старецот што чека да дојдеш
Со сиот нејасен свет
Каде Вознемирата
Нескротливата содржина на белината
Каде

Над празнината ли дојде
Над сеопштата еднаквост

АвторЈордан Даниловски
2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 23|