Мојата сина птица

/, Блесок бр. 22/Мојата сина птица

Мојата сина птица

Мојата сина птица
Непрочитано писмо
Од сина тишина зборови
Стракче. Чиниче. Птица.
Обично попладне
Крваво писмо
Птицата… Птицата…

На С.Џ.Перс

Пее птицата утрово во гранките
на нашата вишна
потскокнува, игра… Знае таа
дека на гости ќе ми дојдат внуците.
Тврдам: во гласот на секоја птица
се запишани местото што го одбрала за да живее
и душата на оној што ја слуша.
Затоа оваа птица шета низ моите соништа
криејќи во нив нешто од песната на создавањето.

2018-08-21T17:21:55+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 22|