Мојата Ева

Мојата Ева

Мојата Ева
Пред одар
Оживување
Присеќавање
Посета
Изрод
Двојства
Екстаза
Единствена жена

Низ мојата коса не минува повеќе ветер

Ветерот ли го нема
Косата ли ја немам

Ни топлина на челото имам…

… Имаше шуплини во коските
имаше провев во куќата

Низ коските ветерот свиреше
и свеќата ја гаснеше…

Свирката веќе не ја слушам
светлоста веќе не ја гледам

Ни провев во телово
ни шуплини во куќава

Ни топлина на челово

Ни ветер има
ни коса имам…

2018-08-21T17:22:14+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|