Мојата Ева

Мојата Ева

Мојата Ева
Пред одар
Оживување
Присеќавање
Посета
Изрод
Двојства
Екстаза
Единствена жена

Те гледам
на лицето ништо не можам да ти видам
ништо на телото
последен знак
последна порака…

Те загледувам во очите
тага за да ти прочитам
жал
надеж пак дека ќе ме видиш
желба пак да ме видиш…

Те гледам
ти пребарувам во секоја пора
во секој белег
небаре последната мисла ќе ја промислам
небаре последниот збор ќе ти го прочитам
што си мислел
што си рекол
што си сакал да мислиш
што си сакал да речеш…

Те гледам
но ништо не можам да видам
никаков знак
никаква порака
ни дека си жив
ни дека си мртов…

2018-08-21T17:22:14+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|