Можности

Можности

Можности
Тортури
Двата мајмуни на Бројгел
Трите најчудни зборови

Еве што гледам на сон во врска со завршните испити:
два мајмуна, оковани за подот, седат на рамот од прозорецот
небото зад нив трепери
морето си оди на капење.
Испитот е Историја на човештвото.
Пелтечам, не давам јасен одговор.
Едниот мајмун зјапа и слуша со потсмешлив презир,
другиот се чини дека отсонувал некаде –
но кога е јасно дека не знам што да кажам
ме потсетува со нежно
ѕвечкање на синџирот.

АвторВислава Шимборска
2018-08-21T17:21:47+00:00 август 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 27|