Мирис на чај

/, Блесок бр. 29/Мирис на чај

Мирис на чај

Мирис на чај
Срца
На Едвард Коцбек

… you can’t plan on the heart, but …
Frank O’Hara

Го извлекувам и свртувам клучот во вратата на ул. Господска
го навалувам велосипедот врз ѕидот и влегувам,
го вадам клучето да ја проверам поштата и во сандачето полно коверти
блеснува твоето срце, стигнувам да ја кренам телефонската слушалка, сеедно, она што ми го испратиле не е за објавување
но нешто треба да се однесе во пошта,
нешто да се остави во книжарница, а напладне треба да бидам во галерија, кајшто мириса на црно кафе а во него зрно шеќер се топи за горки денови,
крај мене брзаат внимателно избричени и исчешлани минувачи, растрчани по почести, нормално, им нема крај на туркањата,
ни во работата ни во политиката.
Ги доловувам поклопените стрелки на часовникот, можеби ќе добијам Подлогарје со боновите за ручек, но денес ќе земам само пола порција,
оти веќе ме нахранија
сите срца што блескаат во сандачето, на тротоарот и заглавени во пукнатините на гранитните коцки,
и иако не го најдов клучот до Твоите гради (а во нив срцето изгубено),
сепак ќе направам нешто лудо:
ќе уловам миг во мноштвото, ќе пресретнам
поглед на девојче, сок на жена или ќе фрлам петка-глава,
а тоа ми е доволно до утре, кога пак ќе го свртам клучот и можеби
ќе ја пронајдам тајната равенка на нашата нераскинлива привлечност
и некое ново срце ќе стане цел на брзината на современиот свет – тука,
среде привидната благосостојба на среќните, кои ги запечатуваат
своите некогашни, ох, идни и минати битки,
вашиот пулс е како одвај почувствувана прегратка која ветува
дека ни на другата страна од портата нема да се раздвои.

АвторПримож Чучник
2018-08-21T17:21:46+00:00 ноември 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 29|