Минатата ноќ поет ми го спаси животот

/, Блесок бр. 70/Минатата ноќ поет ми го спаси животот

Минатата ноќ поет ми го спаси животот

Приказни од Шормал
Последниот Валцер
Тежината
Сезона на крв (4)
Вистинска приказна за мечокот (Стокхолм, 2001)
Минатата ноќ поет ми го спаси животот
Крилја од чад
Помеѓу деновите

Помеѓу деновите
јас чекам
да престане дождот
овошјето во мојата кујна да созрее
а потоа да згние. Додека облеката
во мојот плакар
чека да ја намалам
тежината. Романот
во мене чека, додека јас
се трудам да го надминам
мојот страв. Матката
чека да биде исполнета.
Мојата инсомнија
го чека сонот да дојде.
Помеѓу деновите
чекање
автобусите пристигнуваат
авионите заминуваат
летото доаѓа и се губи.

АвторРаман Мундаир
2018-08-21T17:21:03+00:00 февруари 14th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 70|