Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

/, Блесок бр. 60/Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

Салфетка
Патриотска песна
Алжир
Блуз за третиот бакнеж
Глупава убавина
Цезар Валехо (или, 12 стихови за Лебот на срамот)
Љубовна песна за Вислава Шимборска

Да имав уште една ќерка
ќе ја крстев Алжир,
а вие ќе ги симнувавте колонијалните шапки
и ќе ме викавте „Абу Алжир“.
Наутро, кога ќе ги отвореше своите чоколадни очи
ќе речев: „Сега Африка се буди“,
а таа ќе ја галеше русата коса на сестра си
сигурна дека одново открила злато.
Зрната на морскиот брег ќе ѝ бидат игралиште
а во отисоците на Французите кои оттаму побегнале
ќе ги крие датумите кои паднале од дрвата.
„Алжир“, ќе се фатам за оградата од балконот и ќе ја викнам:
„Алжир, дојди дома, да видиш како го бојам источниот ѕид
со четката на сонцето“.

(Од англискиот превод на Вивијан Идн)

2018-08-21T17:21:10+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 60|