Лоши соништа

/, Блесок бр. 06/Лоши соништа

Лоши соништа

Лоши соништа
Недостиг од енергија
Космогонија
Смут
Хаос

Во непознат град нè затечува воздушен напад.
Минувачите збунети, трчаат и се буткаат.
Немаме ништо: ни адреса, ни план, ни мапа,
и се управуваме според еден весник стуткан.

Портокалести пламни се шират секаде низ градот.
Штом ќе претрчаме, зад нас куќите се рушат.
Од дупките на експлозиите израснува дрвото на чадот
но при сето тоа одвај нешто се слуша.

Полни костури од музеи јурат болничките коли.
Театрите сосе кулиси од градот се селат.
А потоа седиме во паркот, наполно голи,
и зборуваме за Месечината и другите небесни тела.

АвторВлада Урошевиќ
2018-08-21T17:22:12+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 06|