Лоши соништа

/, Блесок бр. 06/Лоши соништа

Лоши соништа

Лоши соништа
Недостиг од енергија
Космогонија
Смут
Хаос

Престарениот крал –
избран на уште една сончева година –
го чувствува својот крај.
Земјата повеќе не раѓа просо,
тиквите крај реката не се сочни како некогаш
а и биволите се сè послаби.
Неговата изнемоштеност се пренесува на земјата,
тој тоа го знае.
Во колибата за жени тој одамна не наминува.
Дреме и мрмори, чека
да чуе тешки чекори пред вратата,
темни дошепнувања
и да го згасне својот оган.
А ние седиме крај студени печки,
среде зима, без топол чај,
крај неми телевизори, во темница, без можност
да го читаме Елиот,
а да не зборуваме за Фрејзер.

АвторВлада Урошевиќ
2018-08-21T17:22:12+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 06|