Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Нема ништо освен билборди по таа улица
и ретки аута и секогаш врне
или така изгледа
на булеварот на Народната револуција

Улица на вистината, улица на лагата, главна улица на пустината
и срчи од станот на тетка Фатима
и спечен дрворед
на булеварот на Народната револуција

Нема адреса на која стигнува пошта,
случајни минувачи
ништо освен дожд, кој сè усмртува
на булеварот на Народната револуција.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|