Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Мојот народ е растурен низ градови.
Моите луѓе се будат во Сајгон и Манагва.
Пијат во загрепските кафеани и на сплитските ѕитчиња.
Откачуваат од спид во сараевска ноќ.
Возат деца на школо по виенски улици.
Халуцинираат под берлинското небо.
Брзаат на работа во Париз.
Свират бенџо во единбуршки пабови.
Вежбаат јога во Сомбор.
Мочаат во белградските хаустори.
Се сакаат на Босфор.
Кажуваат мрсни вицови во мостарските бавчи.
Мијат садови во копенхагенските ресторани.
Бараат сончево место во Осло.
Бездомни сирачиња, Дикенсови момчиња и девојчиња.
Мои луѓе, велам.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|