Кога ќе се вратам од војна

/, Блесок бр. 98/Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна

Кога ќе се вратам од војна
Пробај го ова, драг Вагнер
Мојот народ
Гето
Мал човек во мал град
Утро во маалото
Булевар на Народната револуција
За таму некоја војна

Сега, чекајќи го својот триесетти роденден,
никако не можам да ја избркам депресијата,
зашто сè уште не го разбирам бејзболот.

Не сум се родил како инсект.
Не можам тоа да ѝ го простам на мајка ми.
Против мене не постои
ефикасен отров во спреј.

Повеќе не слушам радио.
Бог секој ден,
на краткобранови фреквенции,
се раѓа како вуду кукла
во рацете на нацистички воен злосторник.

Тешко ги поднесувам
хистеричните посетители на курсот по јога.
Ја пронашле смислата. Живеат без стрес.
My ass!

Бинго Крозби, божикна тортура,
не можам да смислам доволно погрдни имиња
за сите срања на кои човештвото им подлегнува.

Би требало да го слушам Вагнер,
но не можам да го најдам Вагнер на компјутерот.

Една жена ќе го земе моето презиме.
Нашите деца ќе бидат исправени ангели.

Ќе донесувам на раце округли и сочни портокали.
Куќата ќе мириса на маслиново масло.

Би сакал да сум совршен како морето.

АвторМарко Томаш
2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|