Универзумот исчезна. Само уште
Сонцето остана. Во тишина
ја буди празнотијата.
Така сонуваше г-дин Силберман во 1944-та.
Неуништеното минато споено со закрпи
од четириесет и две години,
после еден ден од животот во Шоах филм.
Таа ноќ сонот се врати –
Водата се врати во живот во облак
и огнот во пепелта пак оживеа.
Незавршената смрт
го обви како рането палто.
Се разбуди среде кошмар.
И со уверлива бистрина, бавно ги облече
алиштата од Треблинка, грижливо се избричи,
го намести креветот, го пушти гасот, и
мирен и сигурен се врати в кревет.
*– Шоах = Холокауст
од англискиот превод на Карен Алкалај-Гут