Книгата

Книгата

Предлог за национална медитација за почетници
Хаифа зиме
Одмазда
Јас и тие
Дните врват крај нас како шпиони
Зборови кон сликата
Книгата
Нашата крв е светско гориво
Закрпи
Складност

Кога неодамна се селев, случајно ја најдов
мојата заборавена Библија:

Подарок за бар-мицва, единственото нешто
кое го зедов со себе кога го напуштив домот на мојата младост
за да минам четириесет години во пустината.

Ја листав книгата: некои страници беа залепени
како врвна тајна. Каин, секако, сè уште го убива брата си.
За секое убиство, двајца нови браќа никнат во полето.
Голијат го слекува оклопот и оди на пауза за ручек

Од неговата вечна битка со малиот Израелит.
Главите на Филистинците веќе се овенчани со гумени куршуми
како со палави кадрици. Првиот астронаут,
Илија, истрелува луња во небото при редовното лансирање.
Домашно изработените НЛО-и пловат по небото на Езекиел.

Продолжително впивам: страниците се веќе поцрнети од крв,
крвави војни кои самите продолжуваат.
Единствено гревовите остануваат како бели дамки, пророците
исчезнуваат од книгата за да пророкуваат некаде далеку. Кралевите
избегани во Дијаспората. Ангелите одлетани назад во пештерите небесни.
Од својот кревет, Бог тажно се поткрена и ни го исклучи светлото.

од англискиот превод на Карен Алкалај-Гут

АвторАшер Рајх
2018-08-21T17:21:26+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|