Ова е мојата љубена,
оној оддесно е
брат ѝ кој загина во либанската војна.
Оној лево е
нејзиниот последен љубовник
пред јас да влезам
во сликата.
Таа силно ги гушка
како да знае дека обајцата ќе ги загуби.
Отстрана, мајка ѝ ги поздравува.
Лицето ѝ е како темен колач
кој времето го печело на пресилен оган.
од англискиот превод на Вивијан Идн