Книгата

Книгата

Предлог за национална медитација за почетници
Хаифа зиме
Одмазда
Јас и тие
Дните врват крај нас како шпиони
Зборови кон сликата
Книгата
Нашата крв е светско гориво
Закрпи
Складност

Ми доаѓа сон од оние кои кружат
над нас додека ги грабаат земните богатства.
Не им завидувам на самотијата,
од неа имам и отповеќе
или на ретката им привилегија да гледаат
како сите ние и овојпат сме поштедени.
Не им ја одрекувам среќата на бестежинското тело.
И самиот доволно лебдам
и како и астронаутите и јас
понекогаш сум врзан за мојот стол во полутемнина
а тоа е само половина метафора.
Секој кој се занимава со уметност од љубов
на вистински начин, да не речам изворен,
доволно бргу научува да живее со својата осаменост
и со чудата на своите лебдења во темнината.
Сепак, секојдневно, како на пример
во прозаичново утро кога сонцевината
штедро ги шири нозете
и ми дарува ново изгрејсонце,
мојата дневна завидливост веднаш се крева
кон оние кои кружат горе дарувани
со повеќе од едно изгрејсонце, ден по ден.

од англискиот превод на Вивијан Идн

АвторАшер Рајх
2018-08-21T17:21:26+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|