Како те љубев

/, Блесок бр. 39/Како те љубев

Како те љубев

Како те љубам
Каде се наоѓаме
Како разговараме
Каде припаѓаме
Кои се нашите заблуди
Од што се плашиме
Зошто ти се лутам

1.
Баба ми дели една клечка на две
секоја половинка е еден шпорет.
Дедо ми во сино работничко
го влечка цревото
за да ја навади бавчата.
Татко ми носи штичиња
одоколу одоколу
рацете му се џигер модри.
Мајка ми везе гоблени
скрснозе во ќошот
дупка по цели ноќи
пролет зима лето есен.
И отпосле седнуваат
на миндерче на балконче,
живите и мртвите заедно
турам риба и каша
во твојата чинија,
а ти развревен
расправаш за соништата.

2.
Припаѓаме на просторот.
Ридишта од зелен сомот,
планини модри од далечина.
Езера рамни широки
со други земји оградени.
Припаѓаме на времето.
Рани утра за патување
доцни ноќи за разделби.
Сончев ден за победи,
темна вечер за порази.
Припаѓаме еден на друг.
расклопени се вклопуваме,
одделени се спојуваме,
натажени се развеселуваме,
насмеани се расплакуваме.
И пак се ослободуваме
од страв да не станеме едно
по казна
или по совршенство.

2018-08-21T17:21:35+00:00 декември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 39|