Како се случија овие зборови

/, Блесок бр. 40/Како се случија овие зборови

Како се случија овие зборови

Да
Прашај ме
Се викам Вилијам Тел
За моите млади пријатели што се плашат
Како се случија овие зборови
Поезија

Има една земја за минување, ќе
ја најдете во аголот на окото, во
брзото лизгање на стапалото – далечен
воздух, брзо фатен поглед.
И можеби за вас, за мене, тенок, минлив
глас што си го наоѓа патот
плашејќи се. Таа земја е таму, за нас,
си ја носиме дур’ ја минуваме. Но она
што ве плаши нема да мине: ќе ве земе
во вас самите, ќе ве благослови и ќе ве чува.
Таков е светот, и сите живееме таму.

АвторВилијам Стафорд
2018-08-21T17:21:34+00:00 јануари 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 40|