Испловување

/, Блесок бр. 27/Испловување

Испловување

Своини
Исповед
Разделување
Агол
Преграда
Пат
Испловување
Надомест
Истурање
Остатоци

I

Мајка ми се сомневаше дека што и да ме посетеше
во сонот, ќе го растропаше покривот на нашата куќа
и дека моето срце беше над сè друго извалкано со љубов,
па ги истури моите соништа во улицата поплочена само со
обвинувања
освежувајќи ги дробовите од прав
но не успеа да види две солзи на дното од
кофата
што потајно се измолкнаа во нејзините очи
и оттогаш оттаму врнат.

АвторХода Аблан
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 27|