Интимни подароци

/, Блесок бр. 20/Интимни подароци

Интимни подароци

Интимни подароци
Бели вдовици
Колекција од бесвеста
Небесен буквар
Имаме право да бидеме луди со дозвола на вселената

Обесени китови врз телата на еукалиптусите
Имаме право да бидеме луди со дозвола на вселената
Една риба се потсмева на интимниот живот на цицачите
Ние дишеме со вкусот на праските
Имаме право да се гнасиме од уживањата на нашето време
Јазикот ѝ завидува на совршеноста на мислата
Имаме право да се чувствуваме обесправени
Во светот на фантастичните нешта
Поетите одбегнуваат да им се придружат на космичките движења
Прогонета е бесконечната тага на болните умови
Имаме право да бидеме лоши примероци од нашиот вид
Имаме право да бидеме луди со дозвола на вселената

АвторНаташа Бунтеска
2018-08-21T17:21:57+00:00 април 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 20|