Имам збор

Имам збор

Под горичката гроб /диптих/
Мојот заклучен татко
Ма/г/лена песна
Во литванскиот ми доаѓаат сон
Пусто кварнерско море
Реторичка песничка

Таа ќе живее и тоа е мотив за радост
На овој кој останува стуткан и свесен
За тераписката моќ на заминувањето напуштањето
Рационализации за да се избега, преживее
Само од каде и до каде да се бега, Реториката

И самоговорот нема ништо да обноват
Никому ништо да вратат ни на телото ни на телото
Кога ќе стане бестелесен спомен
Макар разбудено живо диво младо
Врамено со старечки комбинации на задоволство

Мислам дека не пишувам љубовна песна
Мислам дека се сеќавам без оддалечување
Во незрелоста на извесна приказна која зори
Од урнатините од пеколот на неодлучноста од осаменоста
Докторе дали некогаш сте љубеле, Докторе?

Моите шанси се големи а изгледите никакви
Така речете кога нема целина кога недостасува
Другата страна на истата приказна, Страната откршена
Која ја бара својата нова свежа потполност
Разбудена конечно и во светот тргната

Божем случајно сепак отворен цвет на женскост
Од монологот: „Што ми правиш, Што ми…
Секогаш ќе, само, секогаш ќе…“ Потоа толкувам
Туѓи зборови кои сум ги сметал за свои, туѓа
Вистина која стасала до неразбирање

Мислам дека не пишувам љубовна песна
Мислам дека се сеќавам на неважни површности
И зошто тогаш сте толку професионални, толку
Оддалечени од наплатените животи на другите
На оваа валкана, доходовна постела, докторе?

2003.

АвторБорис Домагој Билетиќ
2018-08-21T17:20:57+00:00 декември 29th, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 80-81|